Приведени четворица крадци, фатени на дело, украденото вратено на сопственикот
На 12.02.2022 во 11.30 од страна полициски службеници од Полициска станица Гази Баба во круг на фабрика лишени се од слобода С.И.(27), А.М.(28), С.А.(32), сите од скопско и Џ.К.(43) од Куманово, затекнати при извршување на кривично дело „кражба“.
Украдените предмети се пронајдени во патничкото возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, со кое ја извршиле кражбата и се вратени на сопственикот. Тие се приведени во полициска станица и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.