Приведено лице од ресенско, пронајдени бесправно исечени дрва
На 29.10.2023 во с.Волкодери , ресенско, полициски службеници од СВР Битола- ОВР Ресен и РЦ ГР Запад го лишиле од слобода С.Ц.(41) од с.Волкодери, ресенско.
При тоа биле пронајдени и одземени исечени околу 12 м3 огревни дрва, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.