21/11/2024
Македонија

Приведено лице од струмичко поради обљуба на малолетничка, поднесена кривична пријава

На 11.08.2022 во 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода С.И. (21) од село Василево, струмичко. Тој е осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка од Радовиш.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, запознаен е Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по поднесување на кривична пријава во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од основен суд Струмица.