Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна од триипол години
Денеска (02.11.2021) во 11.30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Д.С.(29) од с.Глоѓи, тетовско, за издржување на казна затвор од три години за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 став 6 од Кривичниот законик.
Тој e спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.