26/11/2024
Македонија

Приведено лице од тетовско за издржување на затворска казна

На 07.07.2023 во 09.40 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода А.К.(36) од с.Глоѓи, тетовско.

Тој бил баран по издадена судска наредба, затоа што е осуден на казна затвор во траење од една година и шест месеци, поради сторено кривично дело казниво по чл.300 од Кривичниот законик.

Лицето е приведено и спроведено во Казнено поправна установа Затвор – Тетово за издржување на казната.