22/11/2024
Македонија

Приведен крадец во Битола, одземеното вратено на сопственикот

Денеска (12.10.2023) во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А.С.(25) од Битола. Тој се сомничи дека во куќа во Битола извршил „тешка кражба“, при што одзел повеќе предмети, а извршил и оштетување на дел од покуќнината.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава.