22/11/2024
Македонија

Приведен крадец во Кичево, следува соодветна пријава

На 04.03.2023 во 15.40 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода С.А.(39) од Кичево. Тој се сомничи дека од фирма од Кичево, каде што работел, одзел повеќе предмети. Одземените предмети бил пронајдени и вратени на сопственикот.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.