22/11/2024
Македонија

Приведен радовишанец осуден на шест години затворска казна

На 02.12.2023 во 20.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Ј.Ш.(31) од Радовиш. Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години од казната. Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.