Припадниците на армијата ангажирани во мисијата во Авганистан се пријавиле на пописот
И припадниците на нашата армија кои се ангажирани во мисијата во Авганистан се пријавиле на пописот на сите граѓани што се надвор од границите. За првпат во 2002-ра нашата армија се вклучи во НАТО мисија во Авганистан, а од 2015-та е дел од мисијата „Решителна поддршка“.
Капетан Крсте Станкоски и капетан Стефан Димитровски веќе четврти месец се дел од мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул, Авганистан со сили за обезбедување и штабен персонал. На 1.800-те метри надморска висина и трите и пол часа временска разлика поради своите војнички способности, велат се привикнале брзо. Како припадници на Армијата секојдневно непречено ги извршуваат своите обврски но не заборавиле, велат и на граѓанската должност спрема татковината. Се пријавиле редовно на пописот.
Капетан Станкоски е највисокиот претставник на нашата Армија којашто има распоредено сили од првиот вод во рамките на главнатата команда во Кабул, вели одлично се прифатени од сите други армии.
Капетан Димитровски извршува задачи како дежурен офицер во штабот за обука, советување и асистенција. Активностите се одвиваат во согласност со мерките за заштита од Ковид-19 , изостануваат културно забавните активности. Но, индивидуалните вежби продолжуваат за одржување на кондицијата.
Горди на својата мисија и затоа што се претставници на сопствената земја со вака значајна задача, нашите соговорници , капетаните на армијата, со скромен поздрав ни пратија порака дека каде и да се, се сепак со своите сонародници.