24/11/2024
Македонија

При преглед кај турски државјанин на ГП Табановце пронајдена поголема сума непријавени пари, следува пријава

На 31.03.2023 на Граничен премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од Ј.О.(60) од Република Турција.

При прегледот во возилото се пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра.

Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.