26/11/2024
Македонија

Пронајдени пиротехнички средства во Скопје, приведено едно лице

Денеска (16.12.2023) околу 14.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода М.Р.(33) од Скопје. При контрола на негова импровизирана тезга била пронајдена и одземена поголема количина разновидни пиротехнички средства. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против него ќе поднесе пријава по член 396 од Кривичниот законик.