26/11/2024
Охрид

СВР Охрид со едукативни предавања на тема „Булинг и сајбер булинг“ наменети за ученици

Вчера и денеска (02/03.05.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во Основното општинско училиште „Глигор Прличев“ во Охрид одржаа едукативни предавања на тема „Булинг и сајбер булинг“ со сите ученици од седмо и осмо одделение од ова училиште.

Целта на работилниците беше информирање и доближување на поимите „булинг“ и „сајбер булинг“ до учениците, особено што тие се чести цели на ова социо-девијатно однесување во и надвор од училишната средина.

Притоа учениците низ призмата на полициското искуство и стручните сознанија за „булингот“ и „сајбер булингот“ имаа можност да се запознаат со облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави кај децата, за последиците што може да се појават во различни форми, како и за начините за благовремено превенирање на ова негативно поведение и спречување на штетните последици од истото. На работилниците како слушатели присутни беа околу 280 ученици, како и претставници на училишните родителски совети.