Северна Македонија испраќа 100 припадници на Армијата за учество во хуманитарна операција во Република Словенија
Владата на Република Северна Македонија, на денешната 177 седница донесе одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во хуманитарна операција во Република Словенија.
Согласно одлуката, се испраќаат 100 (сто) припадници на Армијата, кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од страна на Република Словенија.
Припадниците на Армијата се испраќаат за период од 30 (триесет) дена за учество во давање помош на Република Словенија.
Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи.