СЗО донираше медицинска опрема вредна еден милион долари за справување со пандемијата со КОВИД-19
Светската здравствена организација во 2020 година во земјава донираше заштита опрема, лабораториски сетови и медицинска опрема во вредност од 1.049.902 милион донари за справување со пандемијата предизвикана од КОВИД-19 вирусот.
Во делот на медицинска опрема преку Германскиот Фонд за КОВИД-19, се донирани респиратори и пулсоксиметри за ковид центрите во земајва за да се овозможи адекватно лекување и третман на болните од коронавирус. Сета донирана опрема е по стандардите за безбедност и квалитет на СЗО и е распределена во медицинските центри во земјава.