08/09/2024
Струга

Сообраќајка во близина на Калишта, повредени се две лица

На 22.06.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-1208, во близина на с.Калишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(42) и мотоцикл со струшки регистарски ознаки управуван од Р.Н.(28), двајцата од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П.(27) од Струга, сопатничка на мотоциклот, додека мотциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.