Соопштение за прекинување на интервентните мерки кои се активираат при надминување на прагот на алармирање во Стурмица
Владата информира дека согласно податоците од ДАМСКВ на 22.01.2019 година, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 188 μg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Струмица. Со тоа престануваат да важат интервентните препораки и мерки согласно заклучоците од 40-та седница на Владата на Република Македонија. Редовните мерки против аерозагадувањето дефинирани во Програмата за чист воздух и пропратниот оперативен план за имплементација продолжуваат да се имплементираат согласно Планот за чист воздух на Владата на РМ.