22/11/2024
Македонија

Состанок на Потсекторската група на МЗШВ за предлог Програмата за директни плаќања во земјоделството за 2019 година

Денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа работен состанок на Подсекторските групи за новата предлог Програма за директни плаќања во земјоделството 2019 година.

На состанокот присуствуваа 50-тина преставници од земјоделски здруженија, стопански комори, компании од агро-секторот и надлежните институции. Овој состанок се одржува со цел да слушнат предлозите на сите чинители од секторот за земјоделство и ефикасно да се направи план за распределба на субвенции за мерките од земјоделските сектори.

На состанокот од страна на претставниците на МЗШВ беше презентирана новата предлог Програма за следната година, со предлозите и планираните новитети од страната на МЗШВ.

Дел од новините кои се предложени од МЗШВ се однесуваат на издвојување на оризот од досегашаната категорија на растително производство како посебна култура. На овој начин се зголемува субвенцијата за ориз од сегашните 6.000 денари по хектар за безсеменски ориз на 18.000 денари, а за семенски ориз од 12.000 денари на 30.000 денари по хектар за следната 2019 година.

Во секторот градинарство, се воведува критериум за пријавување на збирни култури, односно при аплицирањето земјоделеците ќе ја прикажуваат збирната површина на различните засадени земјоделски култури.

МЗШВ предлага промена на критериумот за приноси кај сончогледот, од сегашните 1.800 на 1.500 килограми, се со цел поголемо производство и искористеност на субвенцијата за површини засеани со сончоглед.

И следната година МЗШВ ќе ја продолжи зголемената финансиска поддршка од 20 отсто кај растителното и 10 отсто кај сточарското производство за развојните категории на земјоделци.

Овие предлози беа позитивно прфатени од Подсекторската група, чии што претстваници дадоа и свои предлози и сугестии кои ќе бидат разгледани од страна на МЗШВ.

Субвенциите за мерките во предлог Програмата за директни плаќања во земјоделство за 2019 година, се креирани така да овозможат развој на земјоделството, зголемување на површините и на производството и создавање на производи со поголема додадена вредност. Во следните денови Подсекторската група ќе одржат и посебни работни состаноци на кои ќе ги финализираат своите предлози и ќе ги достават до МЗШВ. Воедно Подсекторската група ќе одржи и работен состанок за предлог Програмата за рурален развој за 2019 година. Откако ќе бидат финализирани предлог Програмите за следната година, истите ќе бидат доставени на усвојување до Владата на Република Македонија.