Со амбасадорски грант на САД реализиран проектот за конзервација на крстилницата во Епископската базилика во Стоби
Во Стоби еден од најзначајните споменици од римската и доцноантичка епоха, денеска е промовирана целосно конзервираната крстилница во Епископската базилика …
На промоцијата на која присуствуваа и претседателот на Владата Зоран Заев и американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, се обрати министерот за култура Асаф Адеми.
„По реализацијата на грантот за археолошки истражувања на Римскиот форум во Стоби и грантот за заштита на фреските од старата Епископска базилика, проектот за конзервација на крстилницата во Епископската базилика е трет грант за заштита на културното наследство на овој локалитет кој се реализираше со средства во висина од 89 илјади долари добиени од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД“, истакна министерот Адеми.
Тој додаде дека од 2001 година досега, од Амбасадорскиот фонд за културна заштита на САД, кои се нашголем стратешки, политички, економски и културен поддржувач, во Македонија досега се доделени околу 1 милион и 300 илјади долари за реализација на 13 проекти за зачувување, конзервација и реставрација на културното наследство.