26/11/2024
Македонија

Со навремени мерки обезбедуваме зголемено домашно производство на храна

Владата прави максимални напори во услови на една од најголемите светски кризи во поновата историја, да го зголеми домашното производство на основни суровини на храна, но и да ги обезбеди потребните количини од увоз. Со усвоениот сет мерки, со интервентниот фонд и со „Националниот план за производство на храна“, даваме силна поддршка и помош на земјоделците и на граѓаните.

Сите овие преземени мерки овозможуваат навремено снабдување со потребните основни суровини за производство на храна, со ѓубриво за сеидба и прихрана, семенски материјал и зелена нафта.

За да го зајакнеме домашното земјоделство со пакет мерки предвидени со ,,Националниот план за производство на храна”, којшто веќе се имплементира, ги поттикнуваме земјоделците да се насочат кон зголемено производство на стратешките земјоделски култури. Целта е со оваа поддршка да се справиме со светската, но и да станеме увозно независни со достапна и поевтина храна.

Ги информираме земјоделците дека имаат државна помош и поддршка за производство на стратешките земјоделски суровини како на пример сончогледот. Субвенција за хектар сончоглед е 15.000 денари. Секој што ќе произведуваа ќе добие ѓубриво од 2.500 денари од државата на неделна основа и 2.119 денари за „зелена нафта. За приноси над 1,5 тон сончоглед предвидена е дополнителна поддршка од 100 евра. Даваме силна поддршка и на договорното производство на сончоглед, што е важно за земјоделците да имаат сигурен пласман, а индустријата суровина.

Ова е огромна поддршка, а целта е да ги искористиме ресурсите, зошто сега е моментот, да ги зголемиме производството и залихите за домашните преработувачки капацитети.

Дополнително, од следната недела, ќе биде отворен огласот за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, наменето за житни култури, односно за пченица, пченка, јачмен и сончоглед. Со овој оглас се ставаат на располагање на земјоделците, вкупно 6.000 хектари плодна земја.

Исто така, во континуирани преговори со српската влада, Република Србија дозволи извоз на 2 милиони литри масло за јадење, доволни да се покријат потребите за еден месец. Но, остануваме во постојана и интензивна комуникација со српските власти и доколку има потреба ќе се испорачуваат и дополнителни количини масло за јадење, и очекуваме нова одлука.