23/11/2024
Македонија

Спроведена е дезинфекција во институции на органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата

Специјално овластен оператор денеска спроведе дезинфекција во просториите на сите министерства, како и во органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата.

Мерката за дезинфекција е извршена врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот.

Дезинфекција се спроведе и во резиденцијалните објекти на Претседателот на државата и на Претседателот на Владата, во угостителските објекти на државните институции, во магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Оваа мерка, како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на раце, ќе продолжи и понатаму со цел спречување на ширењето, за превенција и за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните.