Средба Бочварски-Закоњшек: Заеднички работиме на унапредување на транспортниот систем во Република Северна Македонија
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оддржа работна средба со директорот на постојаниот Секретеријат на Транспортната заедница, Матеј, Закоњшек.
На средбата се разговараше за инвестициите во делот на патната и железничката инфраструктура финансирани од средства на ЕУ, како и од други меѓународни финансиски институции.
Акцент на средбата беше ставен и на подигнување на безбедноста на патиштата. Министерот Бочварски ги презентираше проектите што ги реализира Министерството за транспорт и врски за зголемување на безбедноста, посебно на патниот Коридор 10.
Се отвори и прашањето за значењето и модернзација на патните и железничките гранични премини со земјите членки на ЕУ, во насока на забрзување на протокот на патници, стоки и услуги.
Од страна на директорот на Секретаријатот, Матеј Закоњшек, ушатена покана до министерот Бочварски за учество на Министерскиот состанок закажан за следниот месец во Брдо кај Крањ, Република Словенија.