Средба на премиерот Заев со нашиот тим од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на која беа присутни и претставници од Министерството за надворешни работи и Кабинетот на премиерот.
Денешните разговори се во рамки на тековните консултации во однос на работата на Комисијата пред утрешната средба со нивните бугарски колеги во Охрид.
На средбата беше истакнато дека Владата останува посветена на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и на негувањето на дијалогот и градење на заеднички консензус за сите прашања од делокругот на работа на Комисијата.