23/11/2024
Македонија

Средба на премиерот Ковачевски со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Од Владата информираат дека утре, 14.07.2022 година (четврток), во посета на Република Северна Македонија ќе пристигне претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во рамки на посетата предвидена е тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по што ќе следи и билатерална средба.