Трипуновски: Одговорот за силен земјоделец е во задругарството, во таа насока треба да се движи македонското земјоделство
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Велес присуствуваше на настан организиран од страна на на Македонската асоцијација на земјоделски задруги за промоција на можностите за финансиска поддршка на земјоделските задруги во Македонија. Министерот посочи дека одговорот за силен земјоделец е во задругарството, во таа насока треба да се движи македонското земјоделство.
„Поголемо и поквалитетно производство, сигурен пласман и поголем профит се само некои од придобивките на земјоделското здружување. Земјоделците преку здружување стануваат поконкурентни на пазарот. Во таа насока задругарството претставува клучен сегмент за модерно, конкуретно и извозно ориентирано земјоделство“, додаде министерот.
„Би сакал да истакнам дека соработката со Македонската асоцијација на земјоделски задруги и брзата реакција на Министерството придонесе за позитивен исход кој резултираше со изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој за враќање на довербата на земјоделските задруги. Отвореноста и транспарентноста кон сите засегнати чинители во секторот е важен приоритет, бидејќи секој придонесува со различни искуства, а нивниот единствен придонес е вреднуван и важен за Министерството. Во таа насока ние континуирано градиме заеднички платформи и стратегии за развој од кои произлегуваат акциони планови да делување“, појасни министерот.
Министерот додаде дека Министерството останува цврст партнер и поддржувач на земјоделските задруги затоа што дека тие се единствениот начин за надминување на проблемите кои ги имаат земјоделците со пласманот на нивните производи, производителите ќе станат посилни на пазарот, ќе обезбедат континуирана продукција со стандардизиран квалитет во текот на целата годинa.
„Потребно е да се приближиме кон европските трендови, а едно од решенијата во земјоделството се задругите и организациите на производители се со цел за надминување на предизвиците со пласманот и цените на замјоделските производи“, истакна министерот Трипуновски.