27/12/2024
Македонија

Усвоени дополнителни заклучоци на веќе донесените во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут и други масла за горење

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 76-тата седница на која беа усвоени дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната 75-та седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут.

Со новите заклучоци донесени на оваа седница Владата го задолжи Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат.

Со уште еден заклучок се задолжени и Царинската управа и Бирото за метрологија, за потребите на Државниот пазарен инспекторат, по барање на Државниот пазарен инспекторат, да спроведат постапка за земање примероци за анализа и анализа на мазут, согласно Правилникот за квалитет на течни горива и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија.