Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и појава на град.
Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Потоа во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, а само на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.