23/11/2024
Македонија

Фатен затвореник со огнено оружје во Штип

На 30.07.2023 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи заедно со СВР Штип на булевар „Гоце Делчев“ во Штип приведен е В.И. (51) од Кочани бидејќи кај него биле пронајдени автоматски пиштол „шкорпион“ и 21 куршуми калибар 7.65 мм. Лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство. Известен е јавен обвинител и од страна на СВР Штип по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл.396 од КЗ.