Хеликоптерот на МВР исфрли 48 тони вода врз пожарот на планината Серта
Денеска (11.07.2024) од раните утрински часови хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР продолжи да дејствува врз пожарот кој изби вчера во реонот на планината Серта. Хеликоптерот во 32 налета исфрли 48 тона вода врз пожарот. Се дејствуваше на краците од пожарот кои преставуваа опасност да се упатат кон селата Брусник, Калањево и Липа. Доколку има потреба хеликоптерот ќе продолжи да дејствува.
https://www.youtube.com/watch?v=igsqMLV4XYs