Царовска во Њујорк: Македонија го почитува принципот на отворено владино партнерство и создава силни институции кои им служат на граѓаните
„Македонија е земја која го почитува принципот на отворено владино партнерство што директно значи создавање на силни институции во дијалог со граѓанското општество кои им служат на граѓаните. Градењето правда на сите нивоа во државата значи и создавање на демократски капацитет кој е неопходен за сите општетсва во развој“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во обраќањето на настанот „Време е за акција -Правда за сите 2030“, што се одржува во Њујорк во организација на Фондацијата Отворено Општество.
Царовска истакна дека правдата во општествата не е само во судскиот и во правниот систем, туку и во ресорите кои се важни за секојдневното живеење. Македонија работи на намалување на сиромаштијата преку социјалната реформа што дирекно ќе влијае на зголемувањето на правдата, но истовремено се работи на едукација на граѓаните за нивните права.
„Важно е да обезбедиме правда во образованието, здравството , социјалната заштита. Токму за таа цел МТСП ги институционализра системите за правна поддршка и за зајакнување на граѓаните кои се на работ на нашето општество со цел тие да имаат подобро знаење и разбирање за нивните права, но и да можат институциите да им ги обезбедуваат тие права“, рече министерката Царовска во своето обраќање.
На настанот говореа основачот на фондацијата Отворено Општество, Џорџ Сорос, Претседателот на Република Сиера Леоне, Џулиус Маада Био, Кристалина Георгиева, извршнa директоркa на Светска банка и Мери Робинсон, поранешна претседателка на Ирска и висока претсавничка за човекови права на Обединетите нации.