22/11/2024
Македонија

Шаќири: Трите регионални центри за стручно образование и обука прераснуваат во центри на ексклузивност за образување кадри

Трите регионални центри за стручно образование и обука прераснуваат во водечки образовни установи за стручна подготовка на учениците и граѓаните и остануваат еден од врвните приоритети на Министерството за образование и наука. Во моментов во тек е реконструкција на два од Регионалните центри, во Куманово и во  Охрид, а следи и тендер за реконструкција на Регионалниот центар Тетово. Наша цел е, во рамки на реформите на средното стручно образование, да ги развиеме во центри на ексклузивност, иновативност и релевантност, каде ќе се образуваат кадри кои ќе ги пресретнуваат барањата на пазарот на труд.
 
Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешниот состанокот на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика. Тој појасни дека следи опремување на центрите, како еден од условите за нивна функционалност и квалитетно образование, за што Министерството за образование и наука ќе ја информира Владата, со цел средствата да бидат вклучени во буџетското планирање за 2023 година.
 
„Што се однесува до наставниот кадар во регионалните центри за стручно обрзаовние и убука, со поддршка на Швајцарската амбасада и проектот E4E@mk и на УНДП се спроведуваат обуки и натамошно унапредување на нивните вештини, затоа што наставниците се најважната алка во воспитно-образовниот процес“, посочи министерот.
 
Секторската работна група за образование, вработување и социјална заштита е механизам за консултација и соработка меѓу институциите на извршната власт, граѓанските организации, донаторската заедница, како и другите заинтересирани страни, преку која се креираат и имплементираат политиките за конкурентност и инклузивен раст во трите сектори, кои се финансирани преку ИПА програмите.