Шаќири: Oд септември ќе бидат ангажирани над 800 образовни асистенти во основните училишта
Повеќе од 800 образовни асистенти ќе бидат ангажирани во основните училишта во новата учебна година, за да им помагаат на учениците со посебни образовни потреби полесно да ја совладуваат наставната материја и училишните обврски. Тоа значи дека поддршката кон овие ученици постојано расте. Образовната асистенција и натаму е обврска на државата, односно не е финансиски товар на семејствата на учениците.
Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата со директорките на двете скопски основни училишта со ресурсни центри „Златан Сремец“ и „Иднина“ – Марија Делетиќ и Лорета Андреевска, на која се дискутираше за подготвителните активности кои во моментов се спроведуваат и ќе следат за успешен старт на новата учебна година за сите ученици со попреченост.
„Образовната асистенција започна со ангажирање на 500тини стручни лица во основното образование пред 2 години. Изминатава учебна година имавме 720, а од следната бројката ќе биде уште поголема. Целосно ќе го обезбедиме буџетот за нивно ангажирање и родителите, односно старателите на учениците со попреченост нема да имаат никакви финансиски издатоци по овој основ“, рече Шаќири.
Тој информираше дека во постапка на изработка е нов Закон за средно образование и дека во истиот се предвидува ангажирање на образовни асистенти и во средните училишта, кои досега се вклучуваа прекупрограма за општинско корисна работа, склучена помеѓу општините, Град Скопје, МОН, МТСП и УНДП како финансиер.
Улогата на образовните асистенти е различна од ученик до ученик и зависи од проценатапо МКФ (меѓународна класификација на функционирање), дадените препораки, индивидуалниот образовен план за работа со ученикот со посебни потреби, одпаралелката иучилиштето. Работните задачи наобразовниотасистент се уреденисоПравилник за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи на образовниот и личниот асистент, а обуките за нив ги организираат основните училишта со ресурсни центри, каде и воедно истите се вработуваат.
Инаку, во основните општински училишта во земјава се вклучени околу 2000 ученици со посебни образовни потреби, додека во средните се инклудирани300 ученици.