25/11/2024
Македонија

Јавен повик за за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

Врз основа на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.269/23), министерот за образование и наука распишува

ЈАВЕН ПОВИК

За финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

Се повикуваат учениците во основното и средното образование кои досега не се пријавиле или не ги исполнувале условите за добивање на финансиската поддршка на претходните повици, да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните, односно средните училишта.

Услови:

  1.   Да се државјани на Република Северна Македонија;
  2.    Да се редовни ученици во основното, односно средното образование
  3.  Да се ученици чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

  1. Начин на пријавување

Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците за:

-основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател;

-средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател;

  1. Потребни документи

  1. Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата;
  2. Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели;
  3. Изјава за вистинитоста на сите податоци и докази потпишана од родител/старател подносител на барањето.

За лица кои не се во работен однос:

 – потврда од Агенција за вработување на Република Северна Македонија или

 – изводи од приходите од сите трансакциски сметки на име на родителите/старателите за претходниот месец односно до датумот на аплицирањето по овој повик или

 – потврда/Решение за право на гарантирана минимална помош.

За регистрираните индивидуални земјоделци:

 – изводи од сите трансакциски сметки на име на родителите/старателите за 2023 година.

Доколку е дете на починат родител:  

-извод од книгата на умрените и последен чек од пензија;

Доколку е дете од разведени родители:

– Решение од правосилна судска пресуда (подносител на пријавата е родителот/старателот и само тој доставува потребна документација по овој повик);

Доколку е дете на родител пензионер:

– последен чек од пензија;

За ученици кои се од вонбрачна заедница:

 со Изводот од матичната книга на родените на детето се доставува и соодветен доказ од Центарот за социјални работи. Во овој случај подносител на пријавата е родителот/старателот и единствено тој доставува потребна документација по овој повик.

Напомена: Министерството за образование и наука по службена должност има право да ја проверува веродостојноста на податоците кои ќе бидат доставени од училиштата до Министерството.

III. Рок за пријавување

 

Рокот за пријавување е од 05 до 12 март 2024 година

  1. Останати информации

 Член 8 од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливата група на граѓани, се однесува за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари.

Сите други трансфери (субвенции, социјална помош, посебни додатоци, додаток за трето дете и сл.) не се сметаат за месечни нето примања по основ на плата.

За оние ученици кои не добиле финансиската поддршка на претходниот повик, а во меѓувреме ги исполниле условите, Министерството за образование и наука секој месец објавува јавен повик, најдоцна до петтиот ден од месецот.

Доколку учениците се веќе корисници на финансиска поддршка за месец декември, јануари и/или февруари, односно веќе ја имаат доставено целокупната документација, нема потреба повторно да доставуваат документи, освен во случај на промена на условите за користење на правото за финансиска поддршка.

Во случај на промени чие настанување влијае врз условите за стекнување или користење на правото за финансиска поддршка, како што е:  семејствата имаат вкупни месечни приходи од нето плата над 50.000 денари, родителот/старателот подносител на барањето за финансиската поддршка е должен за тоа да го извести училиштето во периодот од 15 ти до 20 ти март 2024 година.

Министерството за образование и наука на месечна основа врши исплата за учениците кои ги исполнуваат условите.

 ИЗЈАВА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ТАТКОТО/СТАРАТЕЛ, ОДНОСНО МАЈКАТА/СТАРАТЕЛ ДА БИДЕ ПОДНОСИТЕЛ НА ПРИЈАВАТА ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЧИИ СЕМЕЈСТВА ИМААТ ВКУПНИ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ ОД НЕТО ПЛАТА ДО 50 000 ДЕНАРИ DEKLARATË PËR DHËNIEN E PËLQIMIT PËR BABAIN/KUJDESTARIN GJEGJËSISHT NËNËN/KUJDESTARIN TË JETË PARASHTURES I APLIKIMIT PËR MARRJEN E TË DREJTËS PËR MBËSHTETJE FINANCIARE PËR NXËNËSIT E ARSIMIT FILLOR FAMILJET E TË CILËVE KANE TË ARDHURA TË PËRIGJITHSHME MUJORE TË PAGËS NETO DERI NË 50.000 DENARË  ИЗЈАВА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ТАТКОТО/СТАРАТЕЛ, ОДНОСНО МАЈКАТА/СТАРАТЕЛ ДА БИДЕ ПОДНОСИТЕЛ НА ПРИЈАВАТА ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЧИИ СЕМЕЈСТВА ИМААТ ВКУПНИ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ ОД НЕТО ПЛАТА ДО 50 000 ДЕНАРИ / DEKLARATË PËR DHËNIEN E PËLQIMIT PËR BABAIN/KUJDESTARIN GJEGJËSISHT NËNËN/KUJDESTARIN TË JETË PARASHTURES I APLIKIMIT PËR MARRJEN E TË DREJTËS PËR MBËSHTETJE FINANCIARE PËR NXËNËSIT E ARSIMIT TË MESËM FAMILJET E TË CILËVE KANE TË ARDHURA TË PËRIGJITHSHME MUJORE TË PAGËS NETO DERI NË 50.000 DENARË ИЗЈАВА за вистинитоста на сите податоци и докази кои се во прилог на пријавата / DEKLARATË për vërtetësinë e të gjitha të dhënave dhe dëshmive të cilat janë në shtojcë të kërkesës ПРИЈАВА ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЧИИ СЕМЕЈСТВА ИМААТ ВКУПНИ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ ОД НЕТО ПЛАТА ДО 50 000 ДЕНАРИ / FLETËPARAQITJE PËR MARRJEN E TË DREJTËS PËR MBËSHTETJE FINANCIARE PËR NXËNËSIT E ARSIMIT FILLO FAMILJET E TË CILËVE KANE TË ARDHURA TË PËRIGJITHSHME MUJORE TË PAGËS NETO DERI NË 50.000 DENARË ПРИЈАВА ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЧИИ СЕМЕЈСТВА ИМААТ ВКУПНИ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ ОД НЕТО ПЛАТА ДО 50 000 ДЕНАРИ / FLETËPARAQITJE PËR MARRJEN E TË DREJTËS PËR MBËSHTETJE FINANCIARE PËR NXËNËSIT E ARSIMIT TË MESËM FAMILJET E TË CILËVE KANE TË ARDHURA TË PËRIGJITHSHME MUJORE TË PAGËS NETO DERI NË 50.000 DENARË УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ЧИИ СЕМЕЈСТВА ИМААТ ВКУПНИ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ ОД НЕТО ПЛАТА ДО 50.000 ДЕНАРИ / UDHËZIM PËR MËNYRËN DHE KUSHTET NË PROCEDURËN E APLIKIMIT PËR PËRFITIMIN E MBËSHTETJES FINANCIARE PËR NXËNËT E SHKOLLËS FILLORE DHE TË MESME FAMILJET E TË CILËVE KANE TË ARDHURA MUJORE NETO PAGA NË PËRGJITHËSI DERI NË 50.000 DENARË