22/11/2024
Македонија

Јавен повик за корисниците на Ковид 1 линијата на бескаматни кредити од Развојна Банка на Република Северна Македонија

Развојна банка на својата веб-страница објави јавен повик со кој се нуди можност за корисниците на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1  да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и  рокот на отплата за 3 месеци.

Јавниот повик ќе трае 7 дена, заклучно со 14 октомври 2020 година.

Линк до јавниот повик: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/668-javen-povik-do-kreditokorisnicite-na-kovid1?fbclid=IwAR2meygVgQooJ9qrkDFZAjx9tP9Lw4IzS9t_6LHdx5tYLvtPcdpOoRuLY20

Ова е прва од мерките од 4тиот пакет економски мерки која почнува да се реализира.

Со оваа мерка, преку Развојната банка на Република Северна Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.

Државата е партнер на стопанството и граѓаните, ова зголемување на грејст периодот за отплата на кредитите од Ковид 1 ќе им даде дополнителна ликвидност на корисниците во овој последен квартал од годината за пребродување на кризата.

Бескаматната кредитна линија Ковид 1 на РБРСМ во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата, односно за угостителстката, транспортната и туристичката дејност.

Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат 6.509 лица.

Од нив, 77% беа микро, 21% мали компании а 2% средни компании.

Дополнителнa поракa:

Новиот пакет има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија кога кризата ќе заврши за да продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија.