23/11/2024
Македонија

102 санкционирани возачи во Скопје, 39 под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.01.2022 година) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 39 санкции, 23 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се три мерки за минување на црвено светло, две мерки за некористење сигурносен појас, две мерки за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила, две мерки за недавање првенство на минување на пешаци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.