23/11/2024
Македонија

11 октомври (вторник), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на РСМ

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2022 година (вторник), Ден на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.