24/11/2024
Охрид

11 години WebOhrid

Почитувани драги и ценети читатели! 

Поминаа 11 години откако започна со работа електронскиот медиум WebOhrid. Во изминатите години нашиот медиум постојано се доусовршуваше, а целта остана иста: брзо, точно и објективно информирање на јавноста.

Нашата редакција е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залагаме за почитување на етиката и професионалните стандарди во известувањето, но и член и на Регистарот на професионални онлајн медиуми www.promedia.mk.

Резултат на нашето успешно и професионално работење се многуте признанија, пофалници и благодарници кои ги добиваме од страна на релевантните институции, фирми и поединци.

Изразуваме голема благодарност кон сите наши читатели кои беа постојано со нас и кои нè поддржуваа и храбреа изминативе години. Исто така, упатуваме голема благодарност кон сите наши деловни партнери за дадената поддршка.

Објективноста на WebOhrid нека биде мотив за вашата понатамошна доверба.

Искрено, Ваш WebOhrid!