11 лица приведени во Битола, затекнати во објект во кој неовластено се организирал комар
На 08.01.2023 во периодот од 21.30 до 22.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршија акциска контрола во објект на ул.„Караорман“ во Битола, при што било утврдено дека во објектот неовластено се организира комар.
При контролата во објектот биле затекнати О.М., Е.Ш., Р.О., В.Р., М.Д., Н.А., Ѓ.А., Е.Р., И.Е., Р.А. и Б.М., сите од Битола. Кај нив биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.
Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 398 од Кривичниот законик.