18/01/2025
Охрид

12 години WebOhrid

Почитувани драги и ценети читатели,

Со радост и гордост, објавуваме дека оваа година нашиот медиум WebOhrid слави 12 години од своето постоење! Оваа важна годишнина е доказ за нашата посветеност и упорност во обезбедувањето на брзо, точно и објективно информирање на јавноста.

Во изминатите години, нашата редакција постојано се усовршуваше и адаптираше на новите предизвици во медиумскиот свет. Како членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), ние целосно се залагаме за почитување на етиката и професионалните стандарди во известувањето. Исто така, сме горди членови на Регистарот на професионални онлајн медиуми www.promedia.mk.

Резултат на нашето успешно и професионално работење се многуте признанија, пофалници и благодарници кои ги добиваме од релевантни институции, компании и поединци. Нашиот труд не е само наш – тој е и ваш, драги читатели, бидејќи вашата поддршка е основа на нашиот успех.

Изразуваме искрена благодарност кон сите наши читатели кои беа постојано со нас и кои ни даваа поддршка и храброст изминативе години. Вашите коментари и повратни информации ни помагаат да растеме и да се развиваме.

Се обврзуваме да продолжиме да работиме со истата страст и посветеност, со надеж дека нашата објективност и квалитетно известување ќе бидат мотив за ваша понатамошна доверба.

Со топли поздрави и најдобри желби, Ваш WebOhrid!