12 состанок на главниот координативен кризен штаб
Денес се одржа дванаесетиот состанок на главниот координативен кризен штаб, предводен од страна на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, на кој рефериираа ресорните министри во врска со имплементацијата на мерките за заштита и превенција од ширење на коронавирусот.
Покрај ресорните министри, своите активности ги презентираа и претставници на кризниот штаб за Дебар и Центар Жупа, Дирекцијата за заштита и спасување, а се реферираше за последните заклучоци и препораки на Комисијата за заразни болести, во врска со справување и спречување на ширење на коронавирус.