120 години од смртта на Методи Патчев
Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе и присуствуваше на културната манифестација што се одржа пред спомен обележјето на Методи Патчев во градскиот парк, а по повод одбележување на 120 години од неговата смрт.
Свежо цвеќе положија и членови од фамилијата Патчев, претставници од Општинското основно музичко училиште „Методи Патче“, од Здружението што го носи неговото име, од Сојузот на борци на Република Македонија и претставници на политички партии.
Пред присутните историчарот Михаил Патчев одржа историски час, а беше проследена и културно уметничка програма во чии рамки настапи Светлана Богданоска – Ристоски на флејта, а беше изведена и песната „Јас Методи Патчев“.
WebOhrid / 07.04.2022 / Општина Охрид