23/11/2024
Охрид

121 година на Аргир Маринчев и неговите востаници,Традиционален марш до вечниот дом

Месната Заедница од селото Куратица во состав на одбележувањето на 121 годинa од Битката кај Рашанец за време на Илинденското востание, традиционално ќе го посети гробот на Војводата Аргир Маринчев и неговите востаници.

Познато кај народот од околните села наречен „Гробот Аргиров”, е вечно почивалиште за еден од најистакнатите борци во текот на крвавите борби кај Рашанец и Грмешница, а за жителите на овој крај претставува најголем симбол за храброст и верност на македонските идеали од Илинденското Востание. По тој повод, во организација на Советот на месната заедница, во петок  на 13 септември организиран е  марш до гробот на војводата, каде што во планинските карпести дупки сеуште постои пепелот од некогашните фурни во кои збегот од жени и деца печеле леб.

Поаѓањето е планирано од селското средсело во 8 часот наутро. Патеката е во должина од 6 км преку месноста Црнец и Ќуле.

Масакрот во Рашанец е колеж врз македонското население извршен од страна на турскиот аскер за време на Илинденското востание во 1903 година. Масакрирани биле 200 души.

Востанието во охридско кое го предводел војводата Христо Узунов се одвивало во осумдесетина села. Кај Рашанец, охридските востеници за да го спасат населението од терор и колеж формирале бегалски лоогор каде имало 2000 луѓе. Логорот го обезбедувале 120 востаници од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други кои не можеле да се спротистават на 3000 турски аскер во одмазничкиот налет предводени од Бахтијард-паша. Масакрот траел 15 часа а Аргир Маринчев и неговите четници го задржувале непријателот се до претпоследните куршуми. Последните ги задржале за себе, извршувајќи саможртва..

Тој е роден во 1870 година во Охрид. Како учител во родниот град тој се оддал на револуционерна дејност, поради што бил во лоши односи со егзархискиот владика. Учествувал на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година.

?