1.216 нови случаи на Ковид – 19, починати се 15 лица
Во последните 24 часа се направени 3.761 тестирања, а регистрирани се 1.216 нови случаи на КОВИД-19 во:
-Скопје 624
-Прилеп 80
-Битола 50
-Велес 46
-Куманово 43
-Тетово 40
-Кавадарци 36
-Кочани 32
-Охрид 30
-Неготино 23
-Струмица 22
-Штип 21
-Гевгелија 20
-Валандово 16
-Гостивар и Берово по 14
-Демир Капија 13
-Ресен 12
-Пробиштип и Крушево по 9
-Свети Николе 8
-Струга, Радовиш и Делчево по 7
-Виница 5
-Кичево, Крива Паланка, Богданци и Пехчево по 4
-Кратово и Демир Хисар по 3
-Дебар и Македонски Брод по 2
-Македонска Каменица и Дојран по 1
Пријавени се вкупно 15 починати лица, на возраст од 53– 94 години и тоа: 6 пациенти од Скопје, по две починати лица од Прилеп, Тетово и Кочани, и по 1 починато лице од Куманово, Битола и Крушево. 14 пациенти се починати во болнички, а еден во домашни услови.
Регистрирани се 111 оздравени пациенти од:
-Кавадарци 55
-Неготино 39
-Скопје 8
-Демир Капија 5
-Кочани 2
-Тетово и Виница по 1
Досега во земјата се направени вкупно 578.923 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 116.438, бројката на оздравени пациенти е 99.126, на починати е 3.403, а бројот на активни случаи изнесува 13.909.