23/11/2024
Македонија

13 прекршувања на забраната за движење, 513 санкции за неносење маска

Од 22 часот (19.03.2021) до 05 часот (20.03.2021) констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (19/20.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 513 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.