03/02/2025
Охрид

14 години успешна работа на Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН Охрид

На денешен ден, пред 14 години во Црвен крст Охрид се одржа првиот час на Балканот и во Македонија, на интернационалната едукативна програма за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН.

„Со гордост ја истакнуваме 14 годишната успешна работа на Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД, која се огледа пред се во посветеноста и професионалноста на нашите тренери, упорноста на децата кои ја следеле БОБ програма, како и поддршката на родителите.

Изразуваме голема благодарност до сите оние кои ја укажале довербата на нашиот центар и БРЕИНОБРЕИН програмата и придонесле, за овие изминати 14 години, преку 500 деца беа дел од Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД и ја следеа програмата, а 80 деца ја комплетираа целата БОБ програма, односно успешно ги завршија сите десет нивоа од оваа програма и кои како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и пеофикасно општествено живеење и делување.

Нашето 14 годишно искуство и резултатите од имплементација на Бреинобреин програмата ни дава за право да ги охрабриме родителите да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) ќе помогнат децата на возраст од 4-14 години да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно. Преку БРЕИНОБРЕИН програмата децата ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.“ – истакнуваат од Бреинобреин – Црвен крст Охрид..

Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД продолжува со своите активности и со новите групи на ученици кои деновие започнаа со следење на БРЕИНОБРЕИН програмата.


WebOhrid / 04.10.2024 / Црвен крст Охрид