22/11/2024
Охрид

14 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Охрид

Во текот на вчерашната вечер (15/16.01.2022) во периодот од 21.00 до 03.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на СВР Охрид, при што санкционирани се 14 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.