15.000 средношколци денес полагаат матура
Речиси 15.000 ученици што завршуваат средно образование, денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, пријавени се 10.088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4.189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.
Согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците полагаат 2 екстерни предмети, 2 интерни предмети и подготвуваат проектна задача. Следниот испит ќе биде на 8 јуни, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули, по што ќе следи можноста за поднесување приговори.
Државната матура се спроведува од 2008 година, како законска обврска и услов за упис на високообразовна установа.