150 семејства во социјален ризик добија хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена
Во рамки на Неделата на солидарност, а во пресрет на празниците Велигден и Бајрам, Црвен крст Охрид ќе помогне на 150 семејства во социјален ризик со поделба хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена.
Помошта е обезбедена и донирана од страна на брендот „Охридски бисер Филеви“ претставувана од потврдениот хуманист Михајло Филев и Лајонс клубот „Десарети“.
Поделбата на хуманитарните пакети се реализира пред седиштето на Црвен крст Охрид.
https://youtu.be/NQoos6tNcBc