22/11/2024
Македонија

151 сообраќаен прекршок во Скопје, 59 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, четири за вградени неатестирани фолии-затемнети стакла, три прекршоци што ги сториле возачи на мотоцикли, 44 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.