26/11/2024
Македонија

18-та конференција на Советот при Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа во Букурешт

Денес, делегација предводена од државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска присуствуваше на редовната 18-та конференција на Советот при Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа, во Букурешт. На конференцијата беше усвоен Извештај за претходните активности и статусот на проектите кои ги раководи SELEK. Исто така беше извршен избор на две директорски позиции на Секретаријатот на SELEK, директор на операции и директор на правни и внатрешни работи . За позицијата Директор за правни и интерни работи во SELEK, со мнозинство гласови, со тајно гласање беше избрана Тања Левајковиќ, актуелна пом.министерка за финансиски прашања во МВР на РМ.