1.913 нови случаи на Ковид – 19, починати се 21 лице
Во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 888
• Битола – 148
• Кавадарци – 111
• Куманово – 83
• Велес – 72
• Охрид – 59
• Тетово – 58
• Прилеп – 51
• Штип – 50
• Струмица – 44
• Гевгелија – 38
• Кичево- 34
• Гостивар и Неготино – по 31
• Струга -30
• Делчево – 26
• Кочани – 24
• Ресен – 23
• Радовиш и Валандово – по 19
• Свети Николе и Богданци – по 9
• Крива Паланка, Виница, Крушево и Македонска Каменица – по 7
• Пробиштип и Демир Хисар – по 6
• Берово и Кратово – по 5
• Пехчево – 4
• Македонски Брод – 2
Од вкупниот број на позитивни (1.913), регистрирани се 243 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 16 починати лица: 6 починати лица од Скопје (61г, 67г, 78г, 83г, 89 и 89г), 3 од Струмица (70г, 79г и 80г,) по 2 починати од Охрид (69г и 85г) и Прилеп (84г и 84г) и по едно починато лице од Битола (80г), Гевгелија (64г) и Кочани (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и Пробиштип на возраст од 67г до 88г. Пријавените се починати во период од 6.01.2022 до 19.01.2022г. Сите пријавени се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=21), десет лица се целосно вакцинирани.
Регистрирани сe 1.353 оздравени пациенти од:
• Скопје – 674
• Битола – 114
• Прилеп – 94
• Куманово – 71
• Кавадарци – 48
• Велес – 41
• Кичево– 35
• Штип – 30
• Гевгелија – 29
• Охрид- 28
• Кочани – 25
• Радовиш – 24
• Неготино – 21
• Струга – 18
• Гостивар – 17
• Делчево – 14
• Ресен -12
• Крушево – 11
• Струмица – 10
• Пробиштип – 9
• Свети Николе – 7
• Македонски Брод – 5
• Демир Капија – 4
• Тетово, Македонска Каменица, Демир Хисар и Берово – по 2
• Богданци , Виница, Пехчево и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250